Габриел Барбоса со двата гола во самиот финиш му ја донесе титулата континентален шампион на Фламенго и стана вистински херој на најголемиот бразилски клуб.
Популарниот „Габигол“ игра сезона од соништата, во бразилското првенство е најдобар стрелец и сруши неколку рекорди, па е најзаслужен за успесите на Фламенго оваа сезона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Бразилецот игра како позајмен фудбалер од Интер, каде пред неколку години пристигна за 30 милиони евра како големо засилувања, но воопшто не се снајде во Милано.
Сега Габигол повторно е „на цена“ и спремен да се врати во Европа, а има договор со „нероаѕурите“ до 2022 година. Останува да видиме дали Конте ќе се одлучи да го задржи на „Џузепе Меаца“ или ќе го продаде за да финансира друго засилување.
„Многу работи научив додека бев во Интер, без разлика што не добивав прилика да го покажам тоа. Ја прифаќав секоја одлука на тренерите каде и да бев, иако знаев дека заслужувам повеќе минутажа. Во Фламенго ми се покажа прилика, ја искористив максимално, и сега сум сигурен и знам дека можам да продолжам да играм на високо ниво. Знам дека можам да играм и во најсилните европски лиги, како на пример во Англија, Шпанија, Германија“, изјави Барбоса.