Дома Фудбал Останато Што се случува со Нејмар? Бразилецот повторно надвор од екипата, а оваа мистериозна порака ги загрижи навивачите

Што се случува со Нејмар? Бразилецот повторно надвор од екипата, а оваа мистериозна порака ги загрижи навивачите

Нејмар повторно нема да игра за ПСЖ и тоа на дербито против Лион.

Бразилецот, наводно е лесно повреден, иако сите се сомневаат дека во соблекувалната не е баш најдобро и дека соиграчите се бесни на Нејмар поради неговата себичност. Нејмар зема одмор кога и да сака, доби продолжен одмор за време на празниците за да остане во Бразил и сите веруваат дека може да игра кога и да посака.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За сето ова, навивачите во средата му свиркаа затоа што не му даде на Кавани да го изведе пеналот и да стане најдобриот стрелец во историјата на клубот, туку одлучи по четврти пат да ја затресе мрежата на противникот. Нејмар синоќа напиша мистериозна порака на Инстаграм која дополнително ги зголеми сомнежите дека во екипата не е баш најдобро.

„Твоите години не ја дефинираат и твојата зрелост, твоите квалификации не ја дефинираат твојата интелегенција, гласините за тебе не зборуваат за тоа кој си ти“, напиша Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…