Баерн Минхен во зимскиот преоден рок го доведе крилниот напаѓач на Гранада, Брајан Сарагоса (22). Шпанецот на почетокот на 2023 година се придружи на Баерн и потпиша петгодишен договор со гигантот од Минхен. Тој требаше да пристигне во Баерн на лето, но поради повредите на Кингсли Коман и Серж Гнабри клубот ја забрза работата.
Трансферот вкупно изнесуваше 18 милиони евра, а Баерн доби 164 сантиметри висок офанзивец кој во првиот дел од сезоната постигна шест и асистираше за два гола. Во дресот на Гранада најмногу се прослави со двата гола против Барселона во првиот дел од сезоната.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Но, во Баерн работите не одат онака како што очекуваше и доби само 20 минути во изненадувачкиот пораз од Бохум. На натпреварите против Борусија Менхегладбах, Баер Леверкузен и Фрајбург воопшто не доби минутажа. Не играше ниту во првиот натпревар против Лацио во Лигата на шампионите.
„Билд“ пренесува дека слабата минутажа на Сарагоса е мистерија за навивачите на Баерн и не е јасно зошто Тухел не му дава шанса.