Дома Фудбал Останато „Што сака тој Јувентус, испаѓа од Порто, Ајакс и Лион“

„Што сака тој Јувентус, испаѓа од Порто, Ајакс и Лион“

Формирањето на новата Суперлига од 12-те европски гиганти е главна тема во спортскиот свет денес.

УЕФА се закани со исфрлање на тие клубови од националните првенства и забрана нивните играчи да играат во репрезентациите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалскиот свет смета дека ова е „игра на богатите“ кои само сакаат да го зголемат профитот.

Норвешкиот селектор, Солбакен смета дека не станува збор за 12-те најдобри клубови и упати жестоки критики до Јувентус.

„Андреа Ањели беше главен во оваа идеја со години наназад. А зошто воопшто Јувентус е дел од таа лига кога во последните години беше елиминиран од Лион, Порто и Ајакс во ЛШ. Што сакаат тие? А Тотенхем и Арсенал, па тие не се ни меѓу 30-те најдобри во Европа во моментов“, изјави Солбакен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Изненадување: Аморим во Премиер лигата, но не во Ливерпул?!

Tренерот на Спортинг Рубен Аморим на големо се поврзуваше со Ливерпул, се најавуваше и дек…