Дома Фудбал Англија Што прави играчот Јуанајтед од 300.000 евра неделно додека неговите соиграчи се загреваат? (ВИДЕО)

Што прави играчот Јуанајтед од 300.000 евра неделно додека неговите соиграчи се загреваат? (ВИДЕО)

Снимката која се појави на друштвените мрежи би можела да му направи проблем на Ентони Марсијал.

Полека во Манчестер Јунајтед како на површина да излегуваат работите кои го излудуваа Жозе Мурињо, една од таквите работи беше однесувањето на Ентони Марсијал. Мурињо токму поради тоа сакаше да го продаде минатото лето, но не успеа да му пронајде адекватна замена.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Солскјер ја врати вербата во Французинот, меѓутоа после потпишувањето на петгодишниот договор во јануари повторно се отвори прашањето за неговото залагање на теренот. Тие приказни кулминираа после неделното дерби против Челзи кога на друштвените мрежи се појави снимка од загревањето на играчите на Јунајтед пред мечот.

На снимката се гледа како Марсијал мирно со рацете зад грб ги гледа играчите како се загреваат. Еден навивач имаше прилично интересен коментар на ова видео.

„Запознајте го нашиот помошен тренер, Ентони Марсијал. Тој заработува 250.000 фунти неделно (околу 300.000 евра) за да ги гледа нашите играчи како се загреваат“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Освои титула со Леверкузен, па доби нов договор со Баерн

Хрватскиот фудбалер Јосип Станишиќ кој минатата сезона беше дел од Баер Леверкузен доби но…