Лионел Меси минатата сезона по рекорден шести пат ја освои Златната копачка која му беше доделена вчера.
Меси играше одлично во дресот на Барселона и го предводеше овој тим до титулата шампион на Шпанија. Аргентинецот беше најдобар стрелец во Европа со 36 голови поради што ја освои новата „Златна копачка“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За Меси ова беше шеста Златна копачка со што стана рекордер бидејќи тоа не му успеало на никој претходно.
Роналдо оваа награда ја освои четири пати, а во 2015 година даде една изјава на која новинарите потсетија откако Меси шести пат стигна до оваа награда.
Тогаш Роналдо зад своето име имаше четири Златни копачки и три Златни топки, додека Меси имаше пет Златни топки, но три Златни копачки. Но, Аргентинецот во претходните сезони го подобри својот голгетерски учинок и стигна до шест Златни копачки.
„Навистина ја сакам оваа награда. Тоа е најдобрата награда која еден фудбалер може да ја освои. Можат да ве изберат за најдобар фудбалер и да ви ја дадат Златната топка, но работата на напаѓачот е да постигнува голови и тоа навистина го сакам. За оваа награда се натпреваруваат сите играчи од европските првенства“, изјави Роналдо во интервју за „Де Телеграф“ во 2015 година.