Најдобриот играч на Челзи, Еден Азар одигра одличен натпревар против ВБА, каде што постигна два гола во победата од 3:0.
Веднаш по завршувањето на натпреварот, Белгијанецот продолжи во микс зоната, каде што го пречека шпанскиот новинар Луис Фернанто Растрепо кој работи за „Directv Sports“, но нивното интервју не беше ниту блиску интересно колку што беше нивниот неформален разговор пред почетокот на снимањето.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Растрепо го праша Азар: „Што е со твојот шпански јазик“, на што Еден му одговори: „Не е доволно добар… Се уште“, и почна да се смее.
Еден Азар долго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, а оваа шпекулација дополинтелно го зголемува фактот дека се уште не го продолжи договорот со Челзи кој трае до летото 2020. година.
Во секој случај, одговорот на Азар е навистина малку збунувачки…
Before the interview i asked Hazard “What about your spanish? He answered “it’s not good enough…yet” hehehe antes de la entrevista le pregunté a Hazard “y cómo está tu español? Y me respondió ” no está bien…todavia” jejeje.. pic.twitter.com/jIPrIPX33n
— Luis Fdo Restrepo (@luisferpo) February 13, 2018