Сагата околу одлуката за продолжување на кариерата на Рамос се уште трае.
Имено, како што наведуваат шпанските медиуми, Рамос сериозно размислува да го напушти Реал Мадрид и во прилог на тоа му одат големиот број понуди кои ги има.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ веќе се јавил со конкретна понуда, а наводно Рамос има понуди од еден клуб од Италија и неколку од Англија.
На Рамос не му се допаѓа ситуацијата во која Реал во овој момент се наоѓа, а со оглед дека наскоро му истекува договорот тоа е идеален момент да замине доколку сака. Од друга страна управата на Реал Мадрид се уште се бори со големиот „минус“ кој дојде како последица од пандемијата со коронавирусот.
Поради сето тоа како што пренесуваат шпанските медиуми управата на клубот од играчот бара ново намалување на плататата, а останува да видиме дали тоа ќе биде прифатено.