Манечстер јунајтед го заврши учеството во Европа што се однесува до оваа сезона, не блеска ниту во Премиер лигата, па сè повеќе се зборува за замената на менаџерот Ерик тен Хаг. Веќе почна да се шпекулира кој би можел да го наследи Холанѓанецот на клупата на „црвените ѓаволи“.
Како што пренесува „Релево“, доколку поранешниот стратег на Ајакс остане без работа, на негово место би дошол Хулен Лопетеги. Шпанскиот тренер е без ангажман откако изминато лето го напушти Вулверхемптон.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Проблем за раководството на Јунајтед е што Тен Хаг има уште година и пол од договорот, а во случај на раскин би инкасирал 15 милиони евра.
Кога станува збор за Лопетеги, во клубот би го чекале некои познати лица како Касемиро, Варан и Регилон кои ги тренираше во Реал Мадрид.
И покрај елиминацијата од Европа Тен Хаг и натаму е менаџер на Јунајтед, но во недела му претстои тешка задача, гостувањето кај Ливерпул во Премиер лигата.