Eрнесто Валверде после шест месеци ќе се врати на тренерската работа.
Искусниот стратег е слободен од кога доби отказ во Барселона, а сега изгледа одново ќе работи во Валенсија. Во претходните денови Валверде и неговите соработници преговараа со Валенсија и се води кон тоа дека Валверде ќе седне на клупата на овој шпански клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Валенсија е во криза после паузата и во клубот веруваат дека токму Валверде е најдобра опција да ги врати на старите патеки.
Името на Валверде е исклучително ценето во шпанскиот фудбал. Тој освои две титули во низа со Барселона, шпански куп и Суперкуп на Шпанија. Претходно со голем успех ги водеше Атлетик Билбао и Олимпијакос.
Медиумите во Шпанија тврдат дека е само прашање на денот кога Валверде ќе биде именуван за тренер на Валенсија. Во овој момент Валенсија се наоѓа на осмата позиција во Ла Лига.