Изминатиот викенд видовме возбудувања во Ла Лига во трката за шампион на Шпанија во која сега се останати само Атлетико и Реал Мадрид.
Во последното коло од Ла Лига кое ќе се игра овој викенд Атлетико Мадрид ќе гостува кај Ваљадолид, додека Реал на свој терен ќе ги одмери силите со Виљареал. Минатото коло донесе возбудвања во последните минути. Реал Мадрид славеше против Билбао, а Атлетико со тешки маки ја победи Осасуна со 2:1 со пресврт во самиот финиш.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сите натпревари се играа во ист термин. Шпанските медиуми денес објавија видео како играчите на Реал следеа што се случува на мечот на Атлетико и ги известуваа своите играчи на теренот.
Истото го правеа и играчите на Атлетико кои знаеа дека Реал води со Билбао. Во Реал Марсело од клупата ги извеси соиграчите дека на Атлетико – Осасуна е 1:1, тоа за „кралевите“ беа одлични вести. Меѓутоа само неколку моменти подоцна стигна разочарувањето за Бразилецот кога погоди Суарез.
Real Madrid and Atleti players reacting to eachothers live scores in a crucial part of the title race pic.twitter.com/ZDdLvfP4yr
— Don B 🇸🇪 (@Griezass) May 19, 2021