Aкарди Наваро, шпанскиот научник изјави дека би било можно да се клонира Лионел Меси користејќи ја сегашната технологија и техника.
„Да Меси би можел да биде клониран со техниките кои ги поседува. Би добиле некој сличен на Меси, резултатот би изгледал како негов лизнак, како да се родени двајца близнаци, а едниот сме го смрзнале 20 или 30 години“, изјави наваро кој е експерт за генетика. Меѓутоа, нема гаранција дека Мини Меси ќе биде еднакво добар како и вистинска верзија. Тоа е така поради влијанието на околината и образованието, како и искуството“, изјави Наваро.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вистинскиот Меси и се придружи на Барселона на само 13 години од аргентинскиот Њуелс Олд Бојс кога му недостигаше хормон за раст и требаше да се лекува четири години од својата 10-та до 14-тата година.
Потоа помина една година во академијата на Барселона пред да стане еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот.
„Тој човек може да има ист потенцијал како и Меси, неговите квалитети имаат генетска компнента. Меси не е она што е само поради своите гени, туку поради се што помина, неговото учење, престојот во Ла Масија и лекувањето кое го примаше. Генетиката нас ни дава потенцијал, а потоа за да го оствариме потребна е уште сопствена работа“, заклучи Наваро.