Дома Фудбал Шпански аналитичар: Меси ќе го „снема“ и Манчестер Јунајтед ќе ја елиминира Барселона (ВИДЕО)

Шпански аналитичар: Меси ќе го „снема“ и Манчестер Јунајтед ќе ја елиминира Барселона (ВИДЕО)

Барселона буквално го прегази Бетис со убедливи 1:4 на гостински терен, а во овој натпревар блескаше Лионел Меси.

Меси вчера го одигра еден од најдобрите натпревари во сезоната. Аргентинецот постигна хет-трик, а два од трите погодоци беа вистинско ремек-дело. Целиот стадион после неговиот трет гол аплаудираше на Аргентинецот.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Чудна анализа после овој натпревар даде шпанскиот аналитичар, Томас Ронкеро. Овој човек во Шпанија често пати знае да предизвикува реакции со неговите излагања во јавноста. Така беше и вчера.

Имено, како е можно после еден таков настап на било кој фудбалер, во овој случај на Меси да се тврди дека тој ќе исчезне во натпреварот против Манчестер Јунајтед?!

Ронкеро гостуваше во „Ел Чирингито“ и даде навистина контроверзно објаснување. Тој тврди дека Манчестер Јунајтед ќе ја елиминира Барселона и дека Лионел Меси ќе го снема на теренот.

По што заклучил после еден таков настап на Меси дека Аргентинецот нема да се види против Јунајтед веројатно знае само тој. Но, дефинитивно малкумина (ако воопшто има) се оние кои веруваат во негова изјава.

Не велиме дека сигурно Меси ќе блеска и против Манчестер Јунајтед и дека е невозможно Барса да испадне, но едноставно за фудбалер кој 10 години игра на највисоко ниво и згора на се после една таква вечер едноставно е невозможно да сметате такво нешто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер против Јувентус, тотална борба на трансфер пазарот, можен трејд и на Србин

Интер и Јувентус ќе се сретнат на терен за првпат оваа сезона во Торино средината на септе…