Дома Фудбал Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска за нов претседател на организацијата.

Роча изминатиот период беше вршител на должноста претседател, откако поранешниот прв човек на РФЕФ, Луис Рубиалес, беше принуден да се повлече поради скандалот кога ја бакна в уста репрезентативката Џени Ермосо за време на церемонијата на доделувањето на златните медали по финалето на Светското првенство минатата година.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Роча, кој наскоро ќе го прослави својот 70 роденден, беше единствен кандидат за претседателската должност.

Неодамна  шпанската Влада го стави РФЕФ под надзор поради можна корупција, поврзана со „многубројни грешки во управувањето“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Управата на Реал Мадрид му кажа „доста“ на безобразниот Винисиус

Иако еден од најдобрите фудбалери во светот, во овој момент Винисиус Жуниор важи и за еден…