
Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис Де Ла Фуенте го продолжи договорот со националниот тим до 2026 година, соопшти Фудбалската федерација на таа земја (РФЕФ).
„РФЕФ го информираше националниот селектор за продолжување на соработката, како и за продолжување на соработката со неговиот стручен штаб“, се вели во соопштението на РФЕФ.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Де Ла Фуенте стана селектор на Шпанија во декември 2022 година, наследувајќи го Луис Енрике на таа позиција.
Со репрезентацијата на Шпанија, Де Ла Фуенте ја освои Лигата на нации во 2023 година и се пласираше на Европското првенство во Германија кое започнува на 14 јуни.
На Европското првенство Шпанија ќе игра во групата Б, со Италија, Хрватска и Албанија.