Групната фаза на Европското првенство полека влегува во завршницата, а во нокаут фазата Шпанија би можела да се соочи со бизарен проблем.
Имено, Шпанците во своите редови го имаат Ламин Јамал, 16-годишниот фудбалер кој игра одлично. Крилниот напаѓач игра одлично и од натпревар во натпревар е еден од најдобрите на теренот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Но, според законот во Германија лица помлади од 18 години без разлика дали се странци или Гермаци не можат да работат по 20 часот. За спортистите има исклучок и тоа време е поместено до 23:00 часот.
Во групната фаза нема проблем бидејќи натпреварите завршуваат до тој момент, но во ноакут фазата каде што Шпанија ќе игра ако има продолженија тогаш обврските на Јамал ќе бидат и по 23 часот.
Тешко е да се поверува дека Шпанија ќе има проблем со овој закон, но засега работите така стојат, ќе видиме како ќе изгледа во пракса.