Дома Фудбал Шпанија е прв финалист на ЕП 🎥

Шпанија е прв финалист на ЕП 🎥

Репрезентацијата на Шпанија е прв финалист на ЕУРО откако ја совлада Франција 2:1 во првото полуфинале во Минхен.

Франција конечно постигна гол од игра и прва дојде до водство со голот на Коло Муани на асистенција на Мбапе.

Потоа следуваше спектакуларен гол на хитот на ова Европско првенство, 16-годишниот Јамал кој покажа дека е нова фудбалска ѕвезда. Само неколку минути подоцна Олмо погоди за целосен пресврт 2:1.

Во второто полувреме Дешамп направи неколку офанзивни измени, Франција тргна на се или ништо, но не создаде изгледни шанси за гол и не успеам да дојде до израмнување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси во Њуелс уште во јануари? Романо ја запре приказната

Аргентинските најави за враќање на Меси во матичниот клуб добија демант од Фабрицио Романо…