Дома Фудбал Останато Шоу на Меси: Со ремек-дело го предводеше Интер Мајами до четвртфинале!

Шоу на Меси: Со ремек-дело го предводеше Интер Мајами до четвртфинале!

Tимот на Интер Мајами се пласираше во четвртфиналето од Лига Купот на Северна и централна Америка откако по пенали го совлада Далас со 5:4.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Вистински херој на Интер Мајами беше Меси кој имаше свое шоу. Аегентинецот го отвори резултатот во шестата минута, а подоцна Далас направи пресврт и поведе со 3:1.

Преку Кремаши Интер Мајами намали на 3:2, но три минути подоцна одново Далас дојде до два гола предност (4:2). Со автоголот на Фарфан тимот на Меси намали на 4:3, за потоа Аргентинецот со фантастичен гол од слободен удар да изедначи на 4:4.

Меси беше прецизен и од белата точка во изведувањето на пенали, додека неговиот тим обезбеди место во следната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ронда Раузи се врати и го победи својот идол за 15 секунди (ВИДЕО)

Ронда Раузи се врати во ММА по десет години и ја заврши кариерата на совршен начин. Легенд…