Изгледа фудбалот нема да трае долго без Златан Ибрахимовиќ или е во прашање само уште една негова претстава.
Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ реши да се пензионира на крајот од минатата фудбалска сезона – а тоа го направи со тоа што не „предупреди“ речиси никого однапред за таков потег.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, само еден месец подоцна, се чини дека Ибрахимовиќ би можел да му се врати на фудбалот, повторно како фудбалер!
Ибрахимовиќ повторно ги изненади сите со својата последна изјава, во која практично најави дека размислува да се реактивира како фудбалер – и повторно во Милано – што е сосема спротивно од она што го кажа на збогувањето.
Со солзи прогласи крај на кариерата по тешката сезона во која одигра само четири натпревари за „росонерите“ и се чини дека проблемот со коленото е причината поради која се збогуваше, но се чини дека во меѓувреме добил позитивни вести од докторот.
“Сега не се брзам, но ќе видиме што ќе биде следно. Поминаа само три недели откако најавив дека се повлекувам. Можеби ќе се вратам на теренот… Можеби за еден месец ќе бидам во Тренинг кампот на Милан“, изјави Ибрахимовиќ за „Спорт Медиасет“.
„Благодарен сум на сите кои би сакале да ме видат во Милан, дури и во улогата на менаџер. Милан секогаш ќе биде во моето срце. Поминавме многу со овој клуб. А таква љубов од навивачите ми дава сила“.
Да потсетиме, тој во својата богата кариера настапуваше за Малме, Ајакс, Јувентус, Милан, Интер, Барселона, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Л.А. Галакси.
Кариерата ја заврши со 511 гола на клупско ниво, додека за шведската репрезентација има 122 натпревари и 62 гола.