Дома Топ вести Шок за Ливерпул: Мане одлучи да го напушти „Енфилд“

Шок за Ливерпул: Мане одлучи да го напушти „Енфилд“

Само ден после поразот од Реал во финалето од ЛШ, пристигна нов шок за навивачите на Ливерпул.

Имено, една од најголемите ѕвезди на тимот, Садио Мане одлучил да го напушти Ливерпул ова лето и одлуката веќе му ја соопштил на раководството.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Неговиот договор истекува следното лето, а тој да одби понудата за продолжување на соработката бидејќи сака да ја промени средината.

Најсилен интерес за Сенегалецот покажува Баерн Минхен, а медиумите тврдат дека Мане веќе има договор со Баварците.

„Беше тежок натпревар и разочарани сме. Навивачите беа неверојатни, сакам да им се заблагодарам за се, како и на тренерот. Му ги посакувам на овој тим се најдобро на светот“, изјави Мане по мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…