Дома Останати Тенис Шок: Еден од најпознатите светски тенисери заминува во пензија?!

Шок: Еден од најпознатите светски тенисери заминува во пензија?!

Aвстралискиот тенисер Доминик Тим има намера да се пензионира на крајот на октомври по завршувањето на турнирот во Виена.

Победникот на УС Опен од 2020 година е надвор од светскиот тениски врв веќе три ипол години. Неговиот пад започна по освојувањето на првиот и единствен грен-слем во кариерата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тогаш започна да има проблеми со мотивацијата и психата, а го стигнаа и повредите пред се на зглобот. Во моментов се наоѓа на 117. место на АТП листата и препознатливата форма никогаш не успеа да ја врати.

Неговиот најдобар пласман беше во 2020 година кога стигна до третата позиција на АТП листата. Во кариерата успеа да освои 17 титули.

Втор најголем успех му беше победата на Индијан Велс во 2019 година. Сепак, може да се пофали и со финалиња на Ролан Гарос во 2018 и 2019 година и финале на Австралија Опен во 2020.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Обвинувања за Ѓоковиќ: Ќе провоцира 340.000 Албанци!

Веќе е познато дека Новак Ѓоковиќ ќе настапи на турнирот од серијата АТП 250 во Женева кој…