Дома Топ вести Шок во Шпанија: Ла Лига ги „шутна“ двајца најдобри судии!

Шок во Шпанија: Ла Лига ги „шутна“ двајца најдобри судии!

Maтео Лахоз и Дел Керо Гранде важат за најдобри шпански судии во изминатите години, но сега шпанската јавноста во неверување откако се објави дека Техничкиот одбор на судии ги известил дека нема да продолжат делат правда на терените во Ла Лига.

Наводно, на двајцата им било понудено да продолжат да бидат само ВАР судии, но Лахоз ја одбил понудата. Лахоз веројатно нема премногу да жали затоа што добил понуда да суди во првенството на Саудиска Арабија каде што ќе биде прилично добро платен.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Меѓутоа веста дека Ла Лига се откажува од двајцата е големо изненадување и засега нема информации што е причината за ваквата одлука. Оваа одлука доаѓа токму во период кога шпанскиот фудбал го тресе скандалот „Негреира“ во кој Барселона беше обвинета за исплата на сума од околу осум милиони евра на поранешниот претседател на судиската комисија.

Лахоз во Шпанија судеше на над 280 натпревари, а беше дел и од Светски првенства. Гранде пак делеше правда на 231 натпревар и зад себе има големо меѓународно искуство како и Лахоз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Влаховиќ ќе „слета“ во Англија и ќе се бори за титула во Премиер лигата

Како што пренесуваат англиските медиуми, во јануари повторно ќе бидат почнати преговори од…