Славниот фудбалски тренер Свен-Горан Ериксон имаше шокантна исповед во која откри дека боледува од рак и самиот најави дека наскоро може да го напушти овој свет.
Ериксон не криеше дека можеби му останува најмногу уште една година живот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Добро познато е каква е болеста која јас ја имам. Претпоставките дека имам за жал се покажаа како точни. Ќе се борам додека можам. Подобро ми е кога не размислувам на тоа“, изјави Ериксон.
Во својата кариера Ериксон беше тренер на Бенфика, Рома, Фиорентина, Лациио, Манчестер Сити и Лестер. Како селектор ги водеше репрезентациите на Англија, Мексико, Брегот на Слоновата Коска и Филипини каде што го имаше последниот тренерски ангажман во 2019 година.
Најдобрите денови од тренерската кариера ги помина во Лацио со кој освои седум трофеи.