Репрезентацијата на Данска не успеа да избори пласман во четвртфиналето на СП откако синоќа после изведувањето на пенали поуспешни беа хрватите.
Данците веројатно го одиграа најдобриот натпревар на овој Мундијал, но немаа среќа во пенал серијата. Брилијантен на голот на Данска беше Каспер Шмајхел кој во второто продолжение му одбрани пенал на Лука Модриќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во пенал серијата Шмајхел повторно беше на висина на задачата откако одбрани два пенали, но едноставно не можеше да му парира на својот колега од другата страна Даниел Субашиќ кој одбрани три пенали на Данците. По крајот на натпреварот Шмајхел не можеше да ја сокрие својата тага.
„Тешко е да се најдат зборови за сето ова. Бевме подобри и требаше да победиме во регуларниот дел на натпреварот. Ова беше нашиот најдобар натпревар на СП, бевме подобри, го контролиравме натпреварот, но еве. Пеналите се секогаш лотарија и тоа е тоа.“ – изјави Шмајхел по натпреварот.