Шефот на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф не криеше дека се надева дека катастрофата за неговиот тим во Гран При на Монако ќе се покаже изолирана појава.
Валтери Ботас и Луис Хамилтон завршија соодветно четврти и седми во Кнежевството, а главната причина за тоа беше неможноста на механичарите да го извлечат максимумот од гумите на „Пирели“. Освен тоа Германците имаа тешкотии и поради подолгата основа на болидот, која значително ја намали можноста за маневрирање на автомобилите среде тесната улична траса.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Проблемите за Хамилтон почнаа уште во квалификациите, откако тој не успеа да влезе во Q3 и соодветно стартуваше надвор од топ 10. „Нашата цел е тоа да биде најлошата наша трка во сезоната“, изјави Волф. „Треба да биде како Сингапур во 2015 година. Само треба да се погоди вистинскиот момент за гумите. Имаме брз автомобил, но на него не му се допаѓаат гумите. Токму тоа треба да проучиме“.
„И двајцата наши пилоти се подеднакво или конкурентни, или неконкурентни. Тоа е различно за нас оваа сезона. Имам доверба во нашиот тим. Колку повеќе километри акумулираме, толку повеќе податоци имаме, а со нив ќе проникнеме во ситуацијата. Не можам да кажам дали ќе имаме други толку тешки викенди. Обично колку понапред доаѓаме во сезоната, толку подобри се работите“, додаде Волф.