Славниот клуб Сандерленд кој денес се натпреварува во англиската Лига 1, третото по ранг натпреварување во Англија според информациите добива нов сопственик.
Како што пренесува британскиот „Скај Спорт“, Стјуарт Доналд ќе го продаде својот најголем дел од акциите, а нов сопственик ќе стане Кирил Луи-Драјфус син на поранешниот сопственик на Олимпик Марсеј Роберт Луи-Драјфус.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Интересно е што новиот прв човк на Сандерленд има само 22 години и се очекува пред Нова година да седне на функцијата.
Неговиот татко на чело на Марсеј беше 10 години, од 2006 до 2016 година.
Англиската фудбалска асоцијација и понатаму треба да ја одобри оваа продажба, документацијата веќе е предадена.
Сандерленд во својата историја шест пати бил шампион на Англија, последен пат во 1936 година. Само Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Евертон и Астон Вила освоиле повеќе титули во најсилната англиска конкуренција од „црните мачки“.
📰 #SAFC can announce that an agreement has been reached for Kyril Louis-Dreyfus to acquire Stewart Donald’s controlling interest in the club.
— Sunderland AFC (@SunderlandAFC) December 24, 2020
If approved by the @EFL, the deal will see Louis-Dreyfus become chairman early in the New Year.
Full story… 👇