Дома Фудбал Шевченко после само два месеци добива „шут-карта“ од Џенова?

Шевченко после само два месеци добива „шут-карта“ од Џенова?

Поранешниот украински фудбалер Андриј Шевченко e само два месеци на клупата на Џенова, но најверојатно ќе добие отказ затоа што екипата има лоши резултати и остана на претпоследната позиција.

Џенова загуби и вчера во директната битка со ривалот за опстанок, Специја со 0-1, па така тимот на Горан Пандев освои само три бода на последните девет дуели, што е малку ако сака да избори опстанок во Серија А.

Засега не е познато кој ќе биде замената за Шевченко на кормилото на Џенова, доколку управата реши да го отпушти.

Шевченко беше селектор на Украина, која ја предводеше до четвртфинале на Европското првенство, а успеа да ја победи Македонија со 2-1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сениорските минути во Работнички се следниот тест за Марко Стефановски

Деветнаесетгодишниот офанзивец го гради својот пат во првиот тим на Работнички, со младинс…