Швајцарскиот репрезентативец Џердан Шаќири во склоп на едно гостување во германска телевизија го составил неговиот идеален тим и на тој начин изгледа посебно ги налути навивачите на Ливерпул.
Првиот натпревар помеѓу Ливерпул и Баерн се игра вечерва во таа прилика германска телевизија објави гостување на поранешниот играч на Баерн Минхен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шаќири зборуваше за својата кариера, како и доаѓањето во еден од најголемите германски клубови. На крајот од интервјуто Шаќири доби задача од водителот да го состави неговиот идеален тим.
Неговиот избор може да не им се допадне на навивачите на Ливерпул, а најмногу затоа што го избра Серхио Рамос за кого многу добро познато е што мислат навивачите на „црвените“ после минатогодишното финале. Потоа на голот го избра Ноер пред Алисон.
Интересно што во тимот на Шаќири има само двајца негови сегашни соиграчи и најмногу изненадува тоа што го нема Мохамед Салах. Само Робертсон и Ван Дијк од играчите на Ливерпул добија место идеалниот тим на нивниот соиграч.
Идеалниот тим на Шаќири изгледа вака:
Мануел Ноер, Дани Карвахал, Серхио Рамос, Вирџил Ван Дијк, Робертсон, Тони Крос, Лука Модриќ, Тиаго, Кристиано Роналдо, Лионел Меси и Роберт Левандовски.
Во својата кариера Шаќири освен дресот на Ливерпул настапуваше уште за Базел во Швајцарија, Интер во Серија А и Стоук од каде што го направи трансферот во Ливерпул откако овој тим испадна во втората англиска лига.