Дома Фудбал Германија Шалке објави фотографија – навивачите во лудата прослава го уништија голот и оставија дупки на теренот 📸

Шалке објави фотографија – навивачите во лудата прослава го уништија голот и оставија дупки на теренот 📸

Шалке каде што настапува Дарко Чурлинов се врати во Бундеслигата по една сезона играње во вториот ранг на германскиот фудбал. Мисијата за враќање во елитата заврши со саботната победа од 3:2 против Сент Паули во претпоследниот натпревар, 33. коло. По оваа победа следуваа луди сцени на навивачите во прославата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Веднаш после последниот судиски свиреж настана хаос. Започна прославата на играчите со над 60 илјади навивачи на стадионот за овој натпревар.

Шалке објави и фотографија на социјалните мрежи на која може да се види како едниот гол е уништен, а недостасуваат и делови од тревата. Еден од најбурните во прославата беше и нашиот Чурлинов – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Реал ја потврди тепачката: Валверде бил нокаутиран, двајцата се суспендирани!