Дома Македонски спорт Мак фудбал Чурлинов: Целта е прво место во групата

Чурлинов: Целта е прво место во групата

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов, очекува Македонија в четврток да слави над Грузија на Националната арена „Тодор Проески“.

Напаѓачот истакна дека целта на Македонија е првото место во групата, па поради тоа императивот е победа против најголемиот конкурент.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Веруваме во нашите квалитети, знаеме дека Грузија е сериозен противник, но ако ги одработиме задачите кои ни се зададени од селекторот мислам дека нема да имаме проблеми во четврток. Последните два натпревари беа од друг тип, не мислам дека нивото ни беше ниско, туку натпреварите се малку поинакви кога играш против позатворени противници и се што гледаш е само да земеш три бода“.

„Целта е да завршиме на првото место, тоа е најважно во моментов. Но, сега во глава ни е само мечот со Грузија. Не мислам дека само овој меч е клучен, секој меч е клучен и на секој меч треба да се победи и да се освојат три бода“, изјави Чурлинов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…