Дома Останати Ракомет Чупиќ: Македонија многу ми даде, но и јас неа и на Вардар – не е се во парите!

Чупиќ: Македонија многу ми даде, но и јас неа и на Вардар – не е се во парите!

Хрватскиот ракометар, Иван Чупиќ даде големо интервју за хрватски „Индекс“ во кое помеѓу другото зборуваше за Вардар и Македонија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Чупиќ истакна дека е среќен, како и дека убаво се чувствува во Скопје.

„Мене Македонија многу ми даде, но и дадов и јас неа и на Вардар. Блиски сме со менталитетот, блиску сум до Хрватска, тука со моето семејство сме среќни. Не е се во парите и играњето за „најголемите“. Јас тука остварив големи успеси, два пати бев шампион на Европа, тука ме ценат и почитуваат. Се додека е така јас ќе бидам тука. Се промени раководството, сега имаме малку поинакви цели и други луѓе го водат клуб. Без оглед на тоа јас се пронајдов, здрав сум, играм и среќен. Не можам да кажам дека нешто ми недостасува кога сум во Скопје“.

За ситуацијата во македонскиот ракомет и засилувањето на Е.Пелистер и Металург.

„Пандемијата со коронавирусот многу го погоди ракометот, а Македонија е една од ретките земји каде што ракометот е број еден, а не фудбалот. Тоа го привлекува секој играч, а македонската лига со Еурофарм и Металург ќе биде интересна. Хрватските играчи тука се чувствуваат како дома, блиску ни е Хрватска, Македонците се добри и топли луѓе кои ги сакаат Хрватите и ги ценат успесите на нашата репрезентација“, изјави Чупиќ.

Целото интервју на Чупиќ можете да го прочитате – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…