Дома Фудбал Англија Чудните методи на Тен Хаг: Фудбалерите на Јунајтед морале да ги слушаат ривалите како слават

Чудните методи на Тен Хаг: Фудбалерите на Јунајтед морале да ги слушаат ривалите како слават

Meдиумите во Англија се уште пишуваат за дербито на Манчестер кое заврши со победа на Сити од 3:0. Тен Хаг е еден од најкритикуваните во овој момент, а холандскиот стратег наводно имал малку чудни методи за да ги казни неговите фудбалери.

Островските медиуми пренесуваат дека по крајот на натпреварот, Тен Хаг им наредил на неговите фудбалери да молчат и да ги слушаат ривалите како ја слават победата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Исто така на фудбалерите им бил скратен слободниот ден кој вообичаено го имаат по натпревар, па морале во понеделникот да се појават на тренинг. Тоа не било се, тие добиле и домашна задача да гледаат видео снимки од своите грешки и да анализираат зошто постапиле на тој начин.

Според дел од јавноста ваквиот однос на Тен Хаг во оваа ситуација не само што не би донел подобри резултати, туку уште повеќе ќе ја наруши атмосферата во тимот. Но останува времето да покаже…

Тен Хаг е обвинуван и дека потроши скоро пола милијарда евра на фудбалери по негова желба, а резултати нема…(ТУКА)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…