Кристиано Роналдо и на 34 години е еден од најдобрите фудбалери во светот. Добрата форма и совршеното тело ги одржува со неверојатни животни навики.
Роналдо е секогаш на стриктна диета
Ѕвездата на Јувентус секогаш внимава што јаде, како и на количината на порцијата. Исто така, секогаш го има испланирано енот, како ќе го помине времето помеѓу тренингот и одморот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кристиано јаде шест оброци дневно, а неговите оброци содржат воглавно протеини и јаглехидрати. Во менито често има пилешко секогаш спремно без масло и сол.
Единстен пијалок кој Кристиано го внесува е вода. Исклучок е доручекот кога пие овошен сок направен од портокал или ананас, а апсолутно сите нездрави работи кои многу луѓе ги користат за него се „пречкртани“.
Детално му е испланиран тренингот
Покрај тренингот со тимот, Роналдо секогаш си следи и сопствена програма на тренинг која изгледа интересно.
Пет пати неделно тој посетува теретана, а во контекс на тие тренинзи има пилатес и пливање. Често пати личните тренери му укажуваат дека не смее да се форсира премногу, но неговите физички можности се се уште непознати, дури и за професионалци кои со години тренинраат многу спортисти.
Сонот е важна работа во неговиот живот. Задолжително спие осум часа, а пробува да заспие и да се разбуди во исто време. Исто така, после четвртиот оброк има кратка дремка, која се покажала дека има бројни здравствени предности.
Спартанска дисциплниа и тренинг со строг режим на исхрана се клуч на моменталната форма на Роналдо, кој иако има 34 години самиот потврдува дека неговото тело е како на 25-годишник.