Дома Останати Кошарка НБА Чудна ситуација: Кошаркар на Лејкерси ќе биде шампион и ако во финалето победи Мајами

Чудна ситуација: Кошаркар на Лејкерси ќе биде шампион и ако во финалето победи Мајами

Лос Анџелес Лејкерси ги добија сите три рунди во плеј-офот со по 4:1 (Портланд, Хјустон, Денвер), Мајами во склад со својата додавка е навистина хит и иако не се очекуваше ги елиминираше Индијана, Милвоки и Бостон.

Тешко е да се прогнозира кој ќе биде шампион, но Дион Вајтерс сигурно ќе биде победник.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Како и да заврши финалната серија на 28 годишниот кошаркар му следува шампионскиот прстен. Причина за тоа е што е сезоната тој ја започна во тимот од Флорида, а ќе ја заврши во Лејкерси. Со тоа тој го исполни условот на лигата да ја добие наградата и да биде заведен како еден од шампионите кој и да победи.

Искусниот бек четири години беше во Мајами, меѓутоа оваа сезона се реши за промена. Вајтерс си замина пред крајот на 2019 година после несогласувањата со управата и откако беше три пати суспендиран.

На почетокот на февруари беше трејдуван во Мемфис, но таму се задржа само еден месец и потпиша за Лејкерси. За тимот на Лејкерси собра само седум натпревари со просек од 11.9 поени по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Проблем за Далас, се повреди Дончиќ

Ѕвездата на Далас, Лука Дончиќ се здоби со повреда на зглобот на десната рака, објавија та…