Дома Фудбал Англија Чудесен Арсенал: Михтаријан двоен асистент, првенец за Обамејанг, хет-трик за Рамзи – Евертон „потопен“ (Видео)

Чудесен Арсенал: Михтаријан двоен асистент, првенец за Обамејанг, хет-трик за Рамзи – Евертон „потопен“ (Видео)

arsenal

Во терминот од 18:30 часот својот натпревар од 26 коло во Премиер лигата го одиграа Арсенал и Евертон.

Доколку „денот по утрото се познава“, засилувањата на Арсен Венгер се полн погодок.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Арсенал започна одлично, Михтаријан уште во 6 минута од натпреварот му асистираше на Арон Рамзи кој го отвори резултатот. Само осум минути подоцна, Кошчелни зголему на 2:0, а веќе во 19 минута Рамзи со својот втор погодок носи предност од веќе убедливи 3:0.

Тоа не беше се во првиот дел. Во 37 минута проработи новиот тандем во редовите на „топчиите“, Михтаријан ја запиша втората асистенција, додека својот првенец го постигна Обамејанг. Сепак, мора да се истакне дека при постигнувањето на погодокот Обамејанг се наоѓаше во недозволена позиција, но линискиот судија не се огласи.

Во вторите 45 минути многу помалку возбудвања. Калверт Луин само три минути откако влезе во игра на местото на Тео Волкот го постигна почесниот погодок за „карамелите“. Додека конечните 5:1 ги постави Рамзи со голот во 74 минута.

Иначе за Рамзи ова е прв хет-трик откако го носи дресот на Арсенал.



Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ и Дортмунд се први полуфиналисти во ЛШ

Пари Сент Жермен и Борусија Дортмунд обезбедија полуфинале откако вечерва беа подобри од Б…