Според пишувањето на островските медиуми, Арсенал во летниот преоден рок ќе се обиде да се ослбоди од седум фудбалери, а помеѓу „вишокот“ е и Николас Пепе.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најскапото засилување во историјата на клубот пристигна во 2019 година за 79 милиони евра од Ница, но на „Емирати“ целосно разочара и Артета повеќе не сака да чека да „проработи“.
Покрај него на листата непотребни фудбалери се: Мјитланд-Најлс, Алберт Самби Локонга, Нуно Тавареш, Пабло Мари, Седрик Сораеш и Алекс Рунарсон.
Пепе во Арсенал добива околу 650.000 евра месечно, а од своето доаѓање на 112 натпревари постигна 27 голови и подели 21 асистенција, Игра на позицијата десно крило и напаѓач, од актуелниот договор му останува уште една година. Во овој момент Пепе е позајмен во Ница.