Александар Чеферин со акламација беше избран за уште еден мандат на чело на Европската куќа на фудбалот (УЕФА).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тој не испушти шанса повторно да ја нападне Суперлигата, а познато е дека Реал Мадрид, Барселона и Јувентус се уште работат на нов модел.
„Во фудбалот нема место за картели. Играта не е во ничија приватност, туку им припаѓа на сите. Интересот на повеќето луѓе треба да биде над интересот на тие три клуба“.
„Тие кои го промовираат проектот на Суперлига, тврдат дека сакаат да го спасат фудбалот. Меѓутоа, Суперлигата се претвори во лик од Црвенкапа. Таа е волкот, кој се маскирал во бабата. Тие се картели, за нив парите се поважни од трофеите“, изјави Чеферин.