Дома Фудбал Англија Четворица соиграчи му пресудиле на Лукаку

Четворица соиграчи му пресудиле на Лукаку

Oдносот на Ромелу Лукаку и Челзи не може да биде полош.

Лукаку не беше во конкуренција за натпреварот со Ливерпул и тоа беше врвот на тензијата на релација помеѓу лондонскиот клуб и репрезентативецот на Белгија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Атлетик“ сега објави детали како воопшто дошло до одлуката Лукаку да се казни. Наводно, му пресудиле четворица негови соиграчи.

Н’голо Канте, Цезар Аспиликуета, Жоргињо и Антонио Рудигер биле фудбалерите кои се сложиле Томас Тухел да го казни Лукаку. Англиските медиуми известуваат дека одличниот напаѓач вчера воопшто не бил на „Стенфорд Бриџ“ за време на натпреварот.

Тухел после натпреварот со „црвените“ изјави дека изоставувањето на Лукаку од тимот повеќе било мерка на претпазливост за да не се наруши атмосферата, но ретко кој верува во тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова…