Дома Останати Ракомет Червар: Можат да ме мразат, но едно не можат да сменат – јас сум најтрофејниот тренер во светот

Червар: Можат да ме мразат, но едно не можат да сменат – јас сум најтрофејниот тренер во светот

Селекторот на Хрватска Лино Червар повторно го привлекува вниманието од јавноста на Светското првенство во Данска и Германија.

Червар има 68 години и дел од јавноста сметаше дека неговото време е поминато, но сепак неговата Хрватска игра одлично и се на добар пат да обезбедат влез во полуфиналето со оглед на тоа дека во втората фаза пренесуваат четири бода.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Знам дека пред почетокот на првенството според обложувалниците бевме дури седми фаворити за освојување, а тоа во мене разбуди дополнителен мотив. Знам и дека не сум во најдобрите години, но не се давам. Им пркосам на годините и на оние кои не сакаат да ме гледаат. Во мене се уште има голема желба и жар за победи“.

„Некои ме мразат, го знам и тоа. Како и да е што да прават и да не ме сакаат, јас во овој момент сум најтрофејнот тренер во светот и тоа не можат да го сменат“, изјави Червар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Лазаров уште најмалку три години ќе ја води Македонија!

Ракометната федерација на Македонија ја извести јавноста дека продолжува соработката со се…