Челси по се судејќи ќе мора да побара напаѓач на трансфер пазарот.
Батшуаји се почесто добива етикета на „промашување“, Диего Коста одамна веќе не е во конкуренција за тимот, Реми не е доволно квалитетен за Антонио Конте…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мората изгледа е полн погодок, одигра одлично на првите два меча, но тешко дека сам ќе може да се понесе во текот на целата сезона.
Поради тоа, Челси ги разгледува понудите за напаѓачи, а еден од оние кои би можел да пристигне во Лондон е англискиот репрезентативец, Џејми Варди.
30-годишниот напаѓач веќе не е толку баран како по освоената шампионска титула, кога малку недостасуваше да премине во редовите на Арсенал. Сепак, сега Челси е одлучен да го донесе, а „Мирор“ пласира информација која говори дека понудата веќе е испратена.