Дома Топ вести Челси не ќе може да одбие – Перез за Азар нуди астронмска сума и една од овие три ѕвезди!

Челси не ќе може да одбие – Перез за Азар нуди астронмска сума и една од овие три ѕвезди!

Белгиецот е најголема мета, многу работи зависат и од Зидан, а Челси може да бира еден од тројца „кралеви“

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Еден Азар и понатаму не ја отфрла можноста да се пресели во Реал Мадрид, Нејмар во овој момент е невозможна мисија, а кога е Белгиецот во прашање не е тајна дека тој сака во Мадрид.

Не го продолжи договорот со Челси кој му истекува во 2020 година, а неговиот тактко остварил конткат со Перез. Евентуалното доведување на Еден Азар би можело да значи и останување на Зинедин Зидан на клупата на „кралевите“.

Реал е спремен да го собори светскиот рекорд, но и си ја олеснат работат со нудење на еден од тројца фудбалери.

Според последните информации на Челси му се дава опција да бира еден од Иско, Бејл и Бензема. Се шпекулираше за Герет Бејл, но Абрамович не е заинтересиран, наводно Луис Енрике кој се очекува да го наследи Конте го сака Иско кој сигурно би заминал доколку Зидан остане.

Фудбалерот за врска не е задоволен од третманот во Мадрид, како и уште неколку фудбалери помеѓу кои е и Марко Асенсио, но во овие момент не постои шанса Реал да го пушти својот бисер.

Останува да видиме дали желбата на Азар ќе пресуди. Доколку не го продолжи договорот Челси тешко дека ќе има друг избор, истото важи и за Тибо Куртоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…