Aко судиме според традицијата Европа ќе добие нов шампион на Европа. Челзи во првиот натпревар против Реал Мадрид беше поразен со 3:1.
Знаел Реал да испушти два гола предност од првиот натпревар во еврокуповите. Вкупно тоа го направил седум пати. Еднаш беше исфрлен и од Црвена Звезда во четвртфиналето на Купот на победниците на Куповите во сезоната. Но тоа што може да ги загрижи „сините“ e што Реал скоро никогаш не испушта предност од првиот натпревар стекната на гости.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поточно, само еднаш му се случи такво нешто. Беше тоа во сезоната 2018/2019. После низа од три освоени титули во сезоната кога Мадриѓаните останаа без Зидан и Роналдо Реал дојде до осминафинале. Таму ги чекаше Ајакс. Во првиот натпревар во Амстертдам беше 2:1 за „кралевите“, но во реваншот следуваше вистински шок за фаворитот, Ајакс успеа да слави со 4:1, а потоа го исфрли и Јувентус.