Дома Трансфер зона Челзи ја одреди сумата што Интер треба да ја плати за Лукаку

Челзи ја одреди сумата што Интер треба да ја плати за Лукаку

Ромелу Лукаку се договорил со Интер за личните услови, бидејќи силно посакува да се врати во Милано, пренесуваат италијанските медиуми.

Белгиецот минатото лето се пресели во Челзи за 115 милиони евра, но не ги оправда очекувањата и го загуби местото во првиот тим. Притоа влезе и во конфликт со тренерот Тухел и сака да се врати во Интер.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Лукаку е спремен да прифати значително намалување на платата само за да се врати во Интер. Тој прифатил 7 милиони евра по сезона, плус 2 милиони како бонуси, што е за 5 милиони евра помалку од тоа што го заработува во Челзи.

Меѓутоа, Интер не е спремен да плаќа за трансфер и го сака Белгиецот само на позајмица, а Челзи ги одреди условите.

Имено, „сините“ бараат 23 милиони евра за едногодишна позајмица и право  на откуп следното лето за додатни 70 милиони евра, а ваквите услови се неприфатливи за „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Перишиќ има клазула во договорот кој ги загрижува навивачите на Хајдук

Иван Перишиќ потпиша договор со Хајдук Сплит до летото 2025 година. На овој начин двете ст…