Челзи ја започна операцијата за доведување на Душан Влаховиќ на „Стенфорд Бриџ“, пренесува „ЕСПН“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Главна цел на „сините“ во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, а Влаховиќ е на врвот на листата желби.
Влаховиќ сака да ја промени средината, Јувентус е спремен да слушне понуди, а Челзи е првиот клуб кој презеде конкретни чекори.
Според „ЕСПН“ Челзи е спремен да понуди 80 милиони евра за порписот на српскиот напаѓач.
Влаховиќ пред година и половина за 75 милиони евра пристигна во Јувентус, а со оглед на финансиската ситуација кај „старата дама“, клубот е спремен да го продаде за 80 милиони евра.