Дома Трансфер зона Челзи тргнува по ѕвездата на Баерн Минхен

Челзи тргнува по ѕвездата на Баерн Минхен

Челзи во наредните денови ќе испрати понуда до Баерн Минхен за крилниот напаѓач Серж Гнабри, пренесуваат медиумите на Островот.

Очекувањата се наскоро Челзи да го комплетира трансферот на Рахим Стерлинг, но Тухел сака уште еден крилен напаѓач поради заминувањето на Лукаку и очекуваната разделба со Зијех.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Прва мета до овој момент беше Рафиња од Лидс, но Бразилецот преферира преселба во Барселона, па „сините“ ќе се насочат кон други мети.

Тоа е причината поради која Челзи сака да го доведе Гнабри и е спремен да понуди 45 милиони фунти, а договорот на Германецот со Баерн истекува следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн Минхен ја одреди цената за Кимих

Ова лето Баерн Минхен може да остане без својот играч за врска Џошуа Кимих. Кимих има дого…