Минатото лето за потписот на Вилферд Заха се бореа Арсенал и Евертон, но ниту еден клуб на крајот не го доведе.
Причината што Заха остана во Палас е што овој клуб за него постави цена од 80 милиони евра и не сакаше да го пушти за помалку пари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, Заха сега влезе во последната година од договорот и инсистира да ја промени средината, а Челзи внимателно ја следи ситуацијата.
„Сините“ се во потрага по крилен фудбалер, па откако пропадна трансферот на Рафиња, сега ќе се насочат кон Вилфред Заха.
Заха е под договор со Кристал Палас до следното лето и клубот е подготвен да преговара за продажба доколку добие доба понуда.