Дома Топ вести Челзи спреми 115 милиони за две ѕвезди на Интер

Челзи спреми 115 милиони за две ѕвезди на Интер

Челзи откако ја загуби битката за Жил Кунде, сега ќе тргне по дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар, пренесуваат медиумите на Островот.

Интер е спремен да го продаде дефанзивецот поради финансиски проблеми и започна преговори со ПСЖ, но двете страни не можат да најдат заеднички јазик.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер бара 70 милиони евра за слободата на Скриниар, додека ПСЖ не сака да плати повеќе од 50 милиони евра за играч кој влезе во последната година од договорот.

Сега Челзи ќе се обиде да ја искористи таквата ситуација и вчера имал средба со агентот на Скриниар, а дефанзивецот дал „зелено светло“ за трансферот.

Покрај Скриниар, „сините“ се заинтересирани и за десниот бек Думфрис, па се спремни да понудат 115 милиони евра за двајцата играчи.

Интер е спремен да ја прифати оваа понуда бидејќи со тие пари ќе ги реши финансиските проблеми,но и ќе може да доведе адекватни замени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска л…