Офанзивниот играч за врска на Баер Леверкузен, Флориан Виртц го привлече вниманието на најголемите клубови на Стариот континент.
Покрај Баерн Минхен и Барселона, сега во трката за потписот на Германецот се приклучи и Челзи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Виртц има договор со Леверкузен до 2027 година, па поради тоа „фармацевтите“ не брзаат со продажбата. Меѓутоа, германскиот клуб е спремен да го продаде доколку некој клуб испрати примамлива понуда.
20-годишниот Германец игра одлична сезона каде на 13 настапи има 5 гола и 8 асистенции.
Челзи сака да ја победи конкуренцијата, но Леверкузен за неговата слобода бара најмалку 85 милиони евра.
🚨 Chelsea are interested in signing Florian Wirtz from Bayer Leverkusen with Manchester City also keen on the 20-year-old.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 31, 2023
(Source: Daily Express) pic.twitter.com/i4b4McrG4d