Челзи е во потрага по нов голман, а прв избор за „сините“ е францускиот репрезентативец Мајк Мањан.
Мањан со своите настапи во Милан се етаблираше во еден од најдобите голмани во Европа, а Челзи спремил рекордна понуда за неговиот потпис.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи испратил понуда тешка 80 милиони фунти (93 милиони евра) со што ќе го направи Мањан најскап голман во историјата.
Меѓутоа, Милан експресно ја одбил понудата бидејќи не сака да се раздели со францускиот голман по никоја цена и го смета клучен во тимот.
#Milan, #Maignan incedibile: rifiutata offerta del #Chelsea da 93 milioni di eurohttps://t.co/4Ls6o5K8VL
— Sportface (@sportface2016) June 12, 2023