Челзи беше „крал“ на преодниот рок и потроши неверојатни 300 милиони евра за нови засилувања.
Со новите засилувања „сините“ и официјално ја започнаа реконструкцијата на тимот, замина Жоржињо, а Челзи е спремен на лето да направи голема чистка во тимот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според медиумите Челзи ќе се ослободи од Пулишиќ, Лотус-Чик, Хаким Зијех, Конор Галагер, Обамејанг, Кулибали и Едуар Менди.
Во меѓувреме не се исклучува можноста Челзи на лето да доведе уште нови засилувања, покрај сигурното доаѓање на Нкунку, кој беше купен од Лајпциг за 60 милиони евра.